Фудбалската федерација на Македонија ги обелодени цените на билетите за двата квалификациски натпревари на “Филип Втори“. Македонија во третото и четврото коло ги пречекува Хрватска на 12 односно Србија на 16 октомври.


За јужната и северната трибина картите ќе изнесуваат по 400 денари додека најефтините карти за двата квалификациски мечеви ќе бидат по 150 денари за запад и исток.

Македонија по две одиграни рунди освои еден бод на гостувањето во Шкотска додека претрпе минимален пораз од Хрватска на “Максимир“.

Мх.П.