Фудбалската федерација на Македонија ги објави селекторите за младинските за селекциите до 13, до 15, до 16, до 17, до 18 и до 19 години. Селекторите за младинските репрезентации ги одбираше Управен одбор, а за селектороското место во селекцијата до 21 година не беше објавен конкурс откако на актуелниот селектор Бобан Бабунски му беше продолжен договорот на две години.

За селектор на најмладата репрезентативна репрезентација е одбран Никола Аврамовски, за селектор до 15 години Гајур Реџеп. Боби Стојкоски следниве две години ќе ја извршува функцијата селектор на репрезентацијата до 16 години.

Поранешниот асистент во Шкендија, Јетон Несими ќе биде селектор на репрезентацијата до 17 додека со селецијата до 18 години ќе работи, Марио Вујовиќ.

Најуспешната репрезентација на Македонија до 19 години, за селектор во следниве две години ќе го има Алексо Мацков.

Новопечените селектори на младинските категории ќе работат по програма која пред неколку месеци ја промовираше кормиларот на А селекцијата, Чедомир Јаневски.

Мх.П.