Фудбалската федерација на Македонија со старите дресови ќе дебитира на големата европска сцена, откако новите кои беа промовирани вчера не наидоа на позитивни реакции кај фановите. Особено негативни реакции предизвика првиот дрес кој беше во бордо боја, без ниту еден мотив кој потенцира на Македонија. Вториот дрес беше жолто-бел, а промашување беше и третиот дрес, кој се користи во деликатни ситуации.

Фудбалот се игра за фановите, – напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил, алудирајќи дека едноставно федерацијата сака да го испочитува мислењето на комплетната јавност.

Јавно за изборот на дресот негодуваа капитените на машката и женска селекција, Горан Пандев односно Наташа Андонова, а фановите почнаа со онлајн петиција за враќање на старите дресови. Дресовите со комбинациите од боите на нашата земја се покажаа среќни, бидејќи со нив „рисовите“ се изборија за пласман на ЕП и ја победија големата Германија.

OhridNews