Фудбалската федерација на Македонија пред две недели ја потврди одлуката дека фудбалскиот клуб Охрид 2004 ќе се пресели во најнизок ранг, но дисциплинската комисија изрече уште неколку казни и го дотолчи охридскиот клуб.

Покрај преселувањето во најниската лига по ранг, охридскиот клуб заработи парична казна од 1000 евра и следната сезона ако “рибарите“ воопшто стартуваат со мечеви во Општинската фудбалска лига ќе почнат со шест бодови негатива на табелата.

Охриѓани не ја завршија сезоната во Втората македонска фудбалска лига што ваквите казни беа неизбежни. “Белите“ не отпатуваа во Скопје на мечот со Локомотива, а со “пиратите“ на домашен терен не го доиграа мечот без наведено оправдување.

Фудбалот во Охрид е пред тотален колапс, а ваквата одлука на Фудбалската федерација на Македонија дополнително ќе го дотолчи и згасне фудбалот во Охрид.

Мх.П.