Фудбалската федерација на Македонија во 13 коло, охридското градско дерби меѓу Охрид Лоте и Охрид`04 го прогласи за натпревар од висок ризик. Не е прв пат натпревар во есенскиот дел од шампионатот во Охрид на “Билјанини Извори“ да биде прогласен за меч од висок ризик.


Првиот пат натпревар од висок ризик беше прогласена “езерската“ пресметка со струшки Влазними која ја заврши со победа од 2-1 за “рибарите“.

Домаќин на мечот е Охрид Лоте, а од клубот велат дека ќе ги превземат сите мерки потребни натпреварот организациски да мине без проблеми.

Ohridnews