Илчо Ѓорѓиески и Масар Омераѓиќ се кандидатите за нов престседател на Фудбалската Федерација на Македонија.

УО на својата денешна седница го прифати извештајот на Ад-Хок комисијата која е надлежна за организацијата и следење на Вонредното генерално собрание кое ќе се одржи на 29. Јули во Охрид во х. Инекс Горица.

Според извештајот на Ад-Хок комисијата, прифатени се кандидатурите за претседател на ФФМ на Илчо Ѓорѓиоски кандидиран од ОФС Скопје и Масар Омерагиќ, кандидиран од ОФС Струмица.

Иако беше најавено своја кандидатура не достави актуелниот претседател на ФФМ, Харалампие Хаџиристески, и поранешниот меѓународен судија Емил Божиновски.

Ад-Хок комисијата ја одби пријавата на кандидатот за претседател од ОФС Гази Баба, Илија Јовков и за неговата пријава ќе расправаат повисоки истанци во ФФМ.

УО донесе одлука дека сите членови на УО заедно со претседателот и потпретседателот да достават оставки до Генералното собрание.

Ohridnews