Продолжува соработката помеѓу светската фудбалска асоцијација ФИФА и Фудбалската Федерација на Македонија на полето на едукација на тренерски кадар. Овој пат ФИФА и ФФМ во заедничка организација ќе спроведат курс за едукација на тренери на голмани. Курсот ќе го спроведе ФИФА инструкторот Г-дин Александар Венцел од Словачка, поранешен голман кој во моментов живее и работи во Франција. Курсот се однесува на тренери на голмани на сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ, како и тренерите на голмани во А и У-21 Репрезентација.
Присуството на сите горенаведени тренери е задолжително и истото е поврзано со добивањето дозвола за работа во Прва и Втора МФЛ. Целокупниот трошок на тренерите за овој курс ќе го покријат ФИФА и ФФМ а за присуство на истиот тренерите ќе добијат ФИФА Сертификат и опрема за тренери за голмани.
Курсот ќе се одржи во периодот од 21 (со почеток во 17.00 часот) – 25 Ноември 2011 во Хотел Глигоров – Струмица. Сите клубови во Прва и Втора МФЛ, должни се да ги пријават и ослободат од обврски тренерите на голмани во сенироските екипи за наведниот период.