Фудбалската федерација на Македонија во наредниот период ќе организира регионални натпреварувања за помлади пионери, популарно наречени “Детски лиги“. Преставникот на ФФМ ,Славчо Војнески на состанокот одржан со тренерите на клубовите од охридско – струшкиот регион “пластично“ ги објасна правилата, како и придобивките за клубовите во регионот при формирање на едно вакво првенство.


Покрај тоа на состанокот стана збор и за наталожените проблеми кои со години го оптоваруваат младинскиот фудбал, посебно онај во кој учество земаат најмладите дечиња кои ги прават првите чекори во фудбалот.

М.П.