Стручниот совет на тренери при ФФМ и младинскиот оддел со одобрение од Младинската комисија го одреди конечниот Предлог систем за натпреварување за млади категории за сезоната 2012-2013 .


Сите прволигашки и второлигашки клубови , мора да земат учество во младинските лиги во организација на ФФМ. Клубовите се должни до 1 јули по писмен пат да го пријават учеството во натпреварувачката сезона 2012 -2013 и да уплатат котизација како што е пропишано во Пропозициите за млади категории .

Котизација за натпреварување во Супер лига изнесува 2.000 евра, додека котизација за натпреварување во Прва Младинска  лига изнесува 1.500 евра. Котизацијата апликантот мора да ја уплати на два дела и тоа во ecенска сезона во пролетна сезона,  пред почетокот на натпреварувачка сезона, односно 1 (еден) месец пред започнување на првенството

Екипите кои нема да го испочитуваат рокот за пријавување нема да бидат вклучени во извлекувањето на натпреварувачките двојки за младинските лиги за сезоната 2012/2013.

Ohridnews