
ФФМ : Милошевски директор, Седлоски в.д.селектор
13.08.12 15:42
Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски му се заблагодари на Тошак за неговиот придонес во репрезентацијата.
-Треба да добиеме тренер кој ќе биде заштитник на играчите, тренер кој ќе ја штити Македонија и нејзините навивачи. Човек кој размислува здраво и позитивно. Човек кој говори елоквентно и разумно. Тренер кој авторитетот во соблекувалната го градел и со играчката харизма, но и со знаење и чесност. Селектор за кој искрено се надева дека ќе остави позитивен белег во македонскиот фудбал, потенцираше првиот човек на федерацијата.
Претседателот Ѓорѓиоски потвди дека поранешниот репрезентативен капитен Петар Милошевски ќе биде именуван за директор на “А” репрезентацијата на Македонија , функцијата ја опфаќа и младата репрезентација до 21 година.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










