Фудбалската федерација на Македонија натпреварот од шестото коло во Втората Македонска фудбалска лига меѓу Охрид `04 и Влазними, како и натпреварот од седмото коло од Првата МФЛ Тетекс – Ренова ги прогласи за натпревари од висок ризик.

Од ФK Охрид информираат дека во соработка со СВР Охрид ќе ги превземат сите потребни мерки натпреварот да помине без инциденти.

Љубителитe на фудбалот во Охрид се зачудени што ФФМ го прогласува овај меч за натпревар од висок ризик, ако се знае дека Влазними еднаш гостуваше во Охрид, и тоа на Билјанини Извори против Охрид Лоте. Mечот заврши 1-1, а притоа немаше никакви инциденти.

Охриѓани се прашуваат кој  од струшкото лоби во ФФМ издејствувал натпреварот да се прогласи за меч од висок ризик, како би се зголемил притисокот над домаќините,  и тоа токму во моменти кога охридскиот фудбал бележи напредок и двете охридски второлигашки екипи се наоѓаат во врвот на табелата.

Му смета ли на некому подемот на охридскиот фудбал, коментираа охриѓани кои ги затекнавме на вчерашниот тренинг.

Натпреварот Охрид 2004 – Влазними се игра во недела од 15.30 минути.

М.П.