Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија поведе дисциплинкса постапка против Кораб од Дебар поради серијата прекршоци направени на мечот со Пелистер одигран во првата пролетна рунда во Дебар.

Дисциплинска постапка против се поведува поради влегување во терен на неслужбени лица на натпреварот со ФК Пелистер Битола и фрлање на пиротехнички средства врз автобусот на гостинската екипа при пристигнување на стадионот од страна на навивачите на ФК Кораб Дебар, како и поради оштета на автобусот на гостинската екипа.

Исто така се поведува дисциплинска постапка против ФК Кораб Дебар поради напад на судиското возило при напуштање на градот при што возилото е оштетено.

ФФМ ги задолжи ФК Кораб Дебар, судиската четворка  и ФК Пелистер Битола да достават  писмени изјава за инцидентите пред, за време и по завршување на мечот.

Ohridnews