УЕФА на вонредна седница што денеска попладне ќе се одржи во Нион ќе одлучува за евентуалните санкции за мак-фудбалот, по  последните случувања во федерацијата и обидите за смена на Хаџиристевски од функцијата престедател на ФФМ.

Токму од извештајот што денеска до УАФА треба да го испрати Харалампие Хаџиристевски во голема мера ќе зависи дали ФФМ ќе биде санкционирана или не. Хаџиристевски очекува денеска тој повторно да биде впишан во Централниот регистер како претседател на ФФМ.

Во спротивно доколку УЕФА беде исвестена дека во ФФМ не е вратено сменетото раководство можна е суспензија за македонскиот фудбал.

Во моментов ФФМ има паралелни раководства, едното предводено од поранешниот интернационален судија Емил Божиносвки, другото на чело со Хаџиристевски. И двајцата се сметаат за легитимни претседатели. УЕФА најави дека нема да толерира таква ситуација и побара Хаџиристевски кој беше сменет од Божиновски да биде вратен на чело на ФФМ, во спротивно следи казна.

Каков ни е фудбалот можеби казната од  УЕФА и  не е лоша идеја.

Г.М.