Новонастаната ситуација во државата, го запали алармот во Фудбалската Федерација на Македонија, која привремено ги забрани патувањата на гостинските навивачи на натпреварите.


Во одлуката на ФФМ стои :

Поради инцидентите кои се случуваат во последно време во јавниот транспорт но и на други локации , а во кои учествуваат голем број на млади лица, Комитетот за итност при ФФМ донесе одлука со која привремено се забранува организираното патување на гостински навивачи на натпреварите што нивните екипите во македонското фудбалско првенство ги играат на гостински терен.


Забраната е со цел да се избегнат инциденти помеѓу навивачките групи на трибините но и надвор од фудбалските стадиони кои можат да предизвикаат дополнителен притисок врз вистинските љубители на фудбалот и граѓанството како последица на актуелните случувања.

Мх.П.