Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка ќе ги одредува луѓето во црно и контролорите за натпреварите од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.


Овој новитет, односно ваквото делегирање ФФМ го започнува од оваа полусезона која ќе стартува в недела на 19 февруари.


Од матичната куќа на фудбалот во Македонија дадоа и комплетно известување како ќе се одвива извлекувањето кое ќе оди во живо на официјалната интернет страна.

Процедура:

– Комесарот за делегирање на судии одредува пет(5)судиски четворки(главен судија,два помошни судии,четврти судија) кои ќе имаат реден број од од 1 до 5 кои влегуваат во извлекување на натпреварите од тоа коло со името на главниот судија.Тој одредува плус една резервна четворка под реден број 6

– Доколку натпреварувачката комисија(комесарот) одреди натпревар(и)од висок ризик комесарот за делегирање судии е должен да одреди три(3) од пет (5)судиски четворки кои се во најдобра форма во тој период(меѓународните судии имаат приоритет, но некој од нив од оправдани причини не може да биде земен во предвид за тоа коло)од кои прво ќе се извлече(извлечат)судии за тој односно тие натпревари. Потоа се додаваат за извлекување и останатите две судиски четворки.

– Доколку се извлече судија(судиска четворка)од истиот град со едната екипа(освен кога се меѓународни судии или двете екипи се од ист град)таа ќе се помести за наредниот пар екипи.Доколку се случи таа судиска четворка да остане за последниот пар од извлекувањето се заменува со резервната четворка.

– Доколку после извлекувњето главниот судија го откаже натпреварот(повреда и сл.)првата резервна четворка ќе го суди тој натпревар.

-Доколку откаже еден од помошниците комесарот за делегирање ќе го замени само него

– Дополнителните помошни судии ќе бидат одредени од комесарот за делегирање за натпреварот со најголем ризик во тоа коло.

– Откако ќе се одредат судиските четворки се извлекуваат контролорите одредени за тоа коло.

ФФМ исто така информираше дека на барање од екипите го одложува стартот на Втората лига за една седмица и место на 24 февруари шампионатот ќе започне на 4 март.

OhridNews