Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 17 март во Охрид на Редовното генерално собрание ќе одбира нов претседател, вака одлучи Управниот одбор на седницата.

Функцијата вршител на должност после заминувањето на Илчо Ѓорѓиоски ја презеде Муамед Сејдини, а  на 17 март ФФМ, конечно ќе добие нов предводник.

Во Охрид минатата година беа донесени одлуки за измени во статутот, а годинава ќе се одбира нов претседател.

OhridNews