Управен Одбор на ФФМ на итната сединца одржана денес во Прилеп поднесоа оставки на позициите во фудбалската влада. Претседателот Хаџиристески и потпретседателот Кенан Идризи остануваат на функцијата до изборното собрание. Новото Вондредно Изборно собрание закажано е на 29 јули во Охрид.

УО ги задолжи ОФС-и во рок од 10 дена да одржат општински собранија и да предложат свои кандидати за претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ.

УО на ФФМ донесе одлука да поднесе оставка до одржување на Вонредното Изборно Собрание на ФФМ.

УО донесе одлука да се избере Ад-Хок комисија во состав од 7 члена (4 членови на Управниот одбор и 3 члена на Иницијативниот одбор) која ќе координира со активностите на ОФС-и и подготовката на материјалите за Вонредното изборно собрание.

УО го одреди дневниот ред за седницата на Вонредното изборно собрание.

На предлог на претседателот Хари Хаџи-Ристески УО донесе одлука со која му ја укина Дисциплинската казна на делегатот на ОФС Струмица , Масар Омерагиќ.

Согласно правилникот за Трета МФЛ, седиштето на Трета лига Запад наместо во Гостивар ќе биде со седиште во Тетово во наредните две години . Исто така и седиштето на Трета МФЛ Југо-Запад се сели од Охрид во Струга .

Ohridnews