Уште од почетокот на сезоната љубителите на Формула 1 ги критикуваа некои правила, од причина што голем дел од болидот не го контролира воачот туку инженерите.
Очигледно дека стартот е еден од поважните моменти во трката, па досега возачите имаа голема поддршка од инженерите во процесот на поставување на кумплунгот во најдобра позиција.
Досега инженерите можеа од својата позиција да пратат и многу да направат како помош на својот возач, каде преку соодветна анализа можеа да му сугерираат на возачот кое е најдоброто решение за старт.
Веќе од недела, во Белгија, ќе се оневозможи комунакицијата на инженерите и возачите, така да возачот ќе мора да да избере подесување за старт одбран во гаражата пред да излезе на стартниот грид.
Сега останува на возачот да процени сам кој е најдобриот момент за поставување на кумплингот во одретена состојба, за да го намали што повеќе пролизгувањето на погонските тркала при стартот. Дали уште во Белгија ќе видиме кој е прав возач, а кој “нинтендо“ возач ?
Ohridnews