Квалификациите од минатата сезона се враќаат во игра откако новите кои требаше да донесат уште поголема доза на неизвесност доживеаја дебакл на стартот од сезоната.


Гледачите на патеката неколку минути немаа можнос да гледаат болиди, а и самите пилоти признаа дека во старите квалификации имало повеќе акција.

– Ми недостигаат стартиве денови од квалификациите. Излегуваше на патеката и возеше брзо, брзо за стигнеш до пол позицијата. Новите не се лоши, но мислам дека немаат доволно возбудувања. – рече на стартот од сезоната Луис Хамилтон.

ФИА го прифати барањето потпишано од сите пилоти и во Кина на трката „Сепанг“ квалификациите ќе се одвиваат по правилата од минатата сезона.

OhridNews