
“Како нова партија задоволни сме што влеговме во Парламентот и што сме дел од власта, иако очекувавме да имаме повеќе пратеници, истакна во своето обраќање пред делегатите лидерот на ПЕИ, Цановски.
Тој најави дека приоритети на партијата во следниот период ќе бидат јакнење на партијата и подготовка за локалните избори на кои очекува да победи во повеќе општини, како и економско заживување на југозападниот регион, каде најмногу дејствува ПЕИ.
На конгресот присуствуваа гости од повеќе политички партии од власта и опозицијата, а делегатите усвоија декларација за организационо јакнење на ПЕИ и ги избраа новите тела и органи на партијата.
од конгресот на ПЕИ













