ФИБА Европа одлучи на Украина да и ја одземе организацијата на Европското првенство во 2015 година, поради нестабилната политичка ситуација во таа земја.
Исто така, ФИБА Европа објави дека е отворен конкурс за нов домаќин на Евробаскетот и дека ќе дозволи неколку земји да ја превземат организацијата на првенството.
Рокот за поднесување на кандидатурите е 31.јули, а одлуката каде ќе се игра Евробаскетот во 2015 година ќе биде донесена најдоцна до 30.октомври.
Форматот на ЕП ќе биде променет и веднаш по фазата по групи ќе следува нокаут фазата, ваквиот ситем требаше да стапи во сила од 2017 година, но ФИБА Европа се реши да го примени две години порано.
Интерес за организација на ЕП во 2015 година досега покажале 16 држави.
„Макфакс“