Македонија испадна од трката за организација на дополнителните квалификации за место на Олиписките игри во Лондон, обајви на својата официјална веб страна, Светската кошаркарска асоцијација – ФИБА.


Во игра за организацијата остануваат Литванија и Венецуела. Покрај овие две земји кандидати за домаќини на турнирот беа Македонија  и Ангола.

На квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012 година ќе играат 12 репрезентации поделени во четири групи. Трите најдобри ќе патуваат на Олимпијадата во Лондон.

Учеснички на предолимпискиот турнир се: Македонија, Литванија, Грција, Русија, Венецуела,  Порторико, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Доминиканска Република, Ангола, Нигерија и Јордан.

Турнирот ќе се одржи на почетокот на јули идната година.

Ohridnews