Светската кошаркарска куќа (ФИБА) не ја смени одлуката околу организацијата на Евробаскетот следната година. Тој исто како и претходно ќе се одржи во четири земји, а финалните мечеви ќе бидат во Турција.


Покрај Турција домаќини на Евробаскетот 2017 година ќе бидат земјите Романија, Финска и Израел.

Мала конфузија околу Евробаскетот настана по политичката криза во Турција, но ФИБА цврсто и верува и не дозволи смена на домаќинот.

– Пред нас е повеќе од година дена до почетокот на Евробаскетот, а Турција има добра репутација во организција на натпреварувања од таков ранг. Имаме многу добри реакции од сите национални сојузи дека не поддржуваат и дека сакаат да дојдат кај нас. – рече Волкан Демирел.

Европското првенство следната година ќе започне на 31 август, а шанса за пласман има и Македонија која ќе во квалификациите.

OhridNews