Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги номинираше десетте погодоци за наградата Ференц Пушкаш. Најдобриот погодок изгласан од фудбалските симпатизери ја добива наградата со името на прославениот голгетер. 


Интересен и необичен е фактот дека во десетте голови нема ниту еден на Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Луис Суарез, Нејмар и Герет Бејл.

Номинирани погодоци :

Тим Кејхил (Австралија – Холандија)


Диего Коста (Атлетико Мадрид – Гетафе)


Марко Фабиан (Круз Азул – Пуебла)


Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ – Бастија)


Пјатим Касими (Фулам – Кристал Палас)


Стефание Роче (Пимунт – Вексфорд)


Џејмс Родригез (Колумбија – Уругвај)


Камило Санвезо (Ванкувер – Портланд)


Хисато Сато (Хирошима – Кавасаки)


Робин ван Перси (Холандија – Шпанија)

За најдобар погодок гласењето се одвива на официјалната страна на ФИФА додека прогласување е на 7 јануар следната година на гала вечерта во Цирих.

Мх.П.