Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги објави имињата на „луѓето во црно“ кои ќе ја делат правдата на Мундијалот во Русија.

Очекувано, најмногу судии вкупно 10 доаѓаат од стариот континент од каде има и најмногу репрезентации учесници на Светските првенства, a oд останатите континенти доаѓаат по шест судии. Сите судии кои се дел на листата ќе минат тестови теоеретски и практични пред и официјално да бидат одбрани.

Од европска листа на судии отпадна романскиот арбитар Овид Хатеген, кој досуди сомнителен пенал за Швајцарија во бараж дуелот со Северна Ирска.

Помеѓу десетте судии нема ниту еден од Премиер лигата, а од екс ју просторите дел ќе биде Милорад Мажиќ.

Судии од Европа:

Феликс Брих (Германија)

Чунејт Чакир (Турција)

Сергеј Карашев (Русија)

Бјорн Кјуперс (Холандија)

Антонио Метју Лахоз (Шпанија)

Симон Марчинијак (Полска)

Милорад Мажиќ (Србија)

Џајнлука Роки (Италија)

Дамир Скомина (Словенија)

Клемент Турпин (Франција)

OhridNews