Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека финалниот натпревар Мундијалот во 2018 година чиј домаќин ќе биде Русија, ќе биде одигран во недела на 15-ти јули.


Потврдувајќи ги датумите за Мундијалот, Извршниот одбор на ФИФА прифати премиерниот меч да биде одигран в четврток на 14-ти јуни 2018 година.

Квалификациите за пласман на СП во Русија официјално ќе започнат во март 2016 година, кога ќе биде одиграна првата од вкупно 800 квалификациски средби ширум светот.

Првите мечеви ќе бидат одиграни во рамките на Азиската и КОНКАКАФ зоната.

Распоредот на главните натпревари и составите на групите ќе бидат одредени со ждрепка, која ќе биде извршена на 25-ти јули 2015 година во Санкт Петербург.

ФИФА, исто така, потврди дека Купот на Конфедерации ќе биде одигран од 17-ти јуни до 2-ри јули 2017 година.

„Макфакс“