Во Светската куќа на фудбалот (ФИФА) продолжува чистката на функционери кои учествуваа во манипулацијата со финансиски средства.

Најнова жртва е Жером Валк кој е разрешен од функцијата генерален секретар. Французинот во септември минатата година беше суспендиран, а ФИФА преку соопштение го разреши.

На 9 јануари ФИФА одлучи да го смени Валке од позицијата генерален секретар. Одлуката стапува на сила одма и Валк не е повеќе дел од ФИФА. – стои во дописот.

Светската фудбалска федерација објави дека функцијата ќе врши Маркус Кетнер до конечниот избор.

Валк повеќе од десет години беше дел дел од ФИФА и десна рака на суспендираниот претседател, Сеп Блатер.

OhridNews