Светската фудбалска федерација (ФИФА) се закани дека ќе го суспендира Фудбалскиот сојуз на Нигерија (НФФ) од сите натпреварувања под сомнение дека државни службеници се мешаат во работата на организацијата.

ФИФА објави дека има сознанија дека државните функционери повторно имаат контрола над НФФ, што е експлицитно забрането со правилата на најголемата фудбалска организација.

Постои сомневање дека официјални лица од тамошната влада ја презеле канцеларијата на НФФ за време на Светското првенство во Русија, па Нигерија може повторно да биде суспендирана од истата причина како во 2010 и 2014 година.

Нигерија ја заврши групната фаза на Мундијалот со пораз од Аргентина (2:1) во финишот, откако го победи Исланд со 2:1 и загуби од Хрватска со 2:0.

OhridNews