Извршниот одбор на ФИФА на својата седница во Швајцарија одлучи да им забрани на менаџерите сопственост на фудбалерите нешто што е честа појава во денешниот фудбал.
Најмногу примери за сопственост на фудбалери на менаџер или некоја друга агенција има во Јужна Америка, но сега веќе неможе да биде така туку клубовите ќе имаат целосна сопственост на играчите.
– Зедовме цврст став дека ќе им забраниме на менаџерите и агенциите да имаат сопственост на фудбалерите. Оваа процедура ќе потрае, но сега ние го направивме првиот и најголем чекор – рече првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
Тој на седницата од Извршниот одбор ја потврди кандидатурата за нов пет годишен мандат на претседателското место во ФИФА на кое од 1998 година.
Мх.П.