Актуелниот првак во Премеир лигата, Челси ќе биде предмет на истрага од Светската куќа на фудбалот (ФИФА) за трансферите на младите фудбалери.

„Сините“ трет пат во осум години ќе бидат под окото на ФИФА за некои нерегуларности околу доведувањето и потпишувањето на фудбалерите под 18 години.

Првата истрага на Стемфорд Бриџ беше 2007 година за доведувањето на Гаел Какуте од Ленс. „Сините“ беа прогласени за виновни и во 2009 година имаа забрана за трансфери. Втор пат Челси гонет беше минатата година за Бертранд Траоре, кој наводно играл пред да ги добие потребните документи од ФИФА.

Дека ФИФА не се шегува со ваквите истраги и забраните за трансфери ако клубовите испаднат виновни најдобро знаат шпанските клубови Барселона, Атлетико и Реал Мадрид кои во последниве три години по еднаш има забрана за купување.

OhridNews