ФИФА потврди дека на клубовите кои ќе имаат играчи кои ќе бидат учесници на Светските првенства во 2018 и 2022 година ќе им распредели сума од 195 милиони евра.
Светската куќа на фудбалот, во четвртокот, објави дека Мундијалот во 2022 година во Катар ќе се одржи во ноември и декември, а финалниот меч ќе биде одигран на 18.декември.
Ова значи дека одредениот термин ќе предизвика хаос во националните првенства, а ФИФА ќе мора да им компензира на клубовите, иако претходно објави дека нема да има никакво обештетување.
„Околу 200 милиони евра ќе бидат дистрибуирани по клубовите кои ќе им дозволат на своите играчи да настапат за репрезентациите на СП во Русија и во Катар“, стои во соопштението од ФИФА.
„Макфакс“