Американскиот напаѓач Фоларин Балоган ќе може да настапи за САД во осминафиналниот натпревар против Белгија на Светското првенство, иако на претходниот меч против Босна и Херцеговина доби директен црвен картон.
Светските агенции објавија дека ФИФА ја ставила во мирување автоматската суспензија од еден натпревар, повикувајќи се на член 27 од Дисциплинскиот правилник. Црвениот картон не е поништен, но казната е суспендирана во рок од една година под услов Балоган да не направи сличен прекршок во тој период.
Ваквата одлука предизвика жестоки реакции, бидејќи правилата на ФИФА предвидуваат автоматска суспензија по директен црвен картон, дотолку повеќе што се појавија информации дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал случајот со црвениот картон на Балоган да биде преиспитан.
OhridNews










