Светската куќа на фудбалот (ФИФА) потврдно одговори за видео технологија во фудбалот која треба да биде од голема помош за судиите и нивните одлуки.
Овој револуционерен потег на фудбалот ќе започне од Мундијалот во Русија кој на програмата е следната 2018 година. Низ видео снимка која ќе биде прегледувана од судииве ќе се анализираат спорните ситуацииа пенал, црвен картон и офсајд.
– На СП во Русија ќе користиме видео технологија. Нема причина да не воведеме новина во фудбалот, откако тестирањата беа повеќе од позитивни. – рече првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Тестирањето се спроведе на Светското клупско првенство декември минатата година и на пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Шпанија кога видео технологијата ги поправи грешните одлуки на судија кои директно влијаеја на резултатот.
OhridNews