Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ќе и скрати едно место на Европа на Мундијалот во Русија 2018 година.

Местото кое ќе му се одземе на Европа ќе и припадне на Африка открива Тео Цванцигер член на Извршниот комитет на ФИФА. Сето ова се прави поради изборите за новиот претседател на Светската куќа и нарушените односни меѓу Сеп Блатер и Мишел Платини.

Ваквата одлука на ФИФА ги налути сите во Европа бидејќи последните три Светски шампиони доаѓаат од стариот континент (Италија, Шпанија, Германија).

До сега Европа на светските првенства учествуваше со 13 селекции, а сега ќе има 12 свои преставници. Африка по местото од Европа ќе скокне на шест репрезентации.

Мх.П.