Светската фудбалска организација (ФИФА) во следниов период ќе го официјализира воведувањето на трите нови правила во фудбалот. Две од трите нови правила директно ќе влијаат на играта, додека третото наменото е за стручниот штаб и играчите на клупата. Новите правила ги презентираше поранешниот фудбалер на Милан, Звонимир Бобан кој е еден од личните советници на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Првото правило се однесува на првиот голмански пас после излегувањето на топката во гол аут. Според старото правило играчот мора да ја прифати топката надвор од казнетиот простор, додека со новите може тоа да биде и внатре, но противничкиот играч мора да биде надвор од голманскиот простор.
Второто правило, а можеби и најдоброто што ќе биде воведено во модерниот фудбал е околу измената. Стандарните измени на влегување на нов играч се прават на средина од теренот, а играчот кој излегува често задржува време или пак го „бира“ најдалечниот пат да излезе од игра. Новото правило ќе гласи дека играчот чиј број ќе биде покажан на семафорот за измена треба и мора да излезе од најблиското место на теренот. Што значи, може да излезе од било кое место на теренот и не ќе мора да трча или оди до на срединта од теренот.
Судијата ќе има право да му додели жолт картон на било кој член од стручниот штаб на клупата како опомена, бидејќи сега ако ги прекрши правилата за однесување без опомена се остранува од теренот.
Имплементација на новите правила се очекуваат од следната сезона, затоа што треба да ги прифати највисокото тело во ФИФА.
OhridNews










