Светската куќа на фудбалот (ФИФА) му изрече дванаесет годишна суспензија на Жером Валке кој ја извршуваше позицијата генерален секретар.

Поранешниот генерален секретар жестоко казна доби поради злоупотреба на службената должност, препродажба на влезници, користење на службениот авион за лични потреби, уништување на докази за време на истрага и препродажба на ТВ-правата за Мундијалите за цена повисока од договорената.

Месец дена пред оваа одлука Валке самоволно ја напушти позицијата во ФИФА, а во септември минатата година суспендиран беше заедно со Сеп Блатер и Мишел Платини.

Блатер и Платини добија осумгодишна суспензија од фудбалот.

OhridNews