Реизбирањето на Сеп Блатер за претседател на Светската фудбалска федерација португалската легенда Луис Фиго го смета за најголем пораз на фудбалот во неговата историја.
Фиго, кој требаше да биде противник на Блатер во изборот се откажа неколку дена пред трката за прв човек на ФИФА со образложение дека нема да има фер избори.
– Со изборот на Блатер за претседател ФИФА пред се фудбалот загуби најмногу. Во неговиот круг нема вистински луѓе кои се грижат за фудбалот туку луѓе кои работата само за профит. – рече бесниот Фиго.
Пред изборот во Цирих светската куќа на фудбалот беше потресена од скандал откако високи функционери беа уапсени поради мито и корупција.
Блатер во трката за четиригодишниот мандат го победи јорданскиот принц Али бин Ал-Хусеин, кој имаше голема поддршка од европските селекции.
Мх.П.