Поранешниот португалски репрезентативец и член на Барселона, Реал Мадрид и Интерм Луис Фиго даде свое видување околу изборот на најдобар играч и доминацијата на Роналдо и Меси.


– Тие двајца се играчи кои ја прават разликата во фудбалот, но имав задоволство да играм со уште подобри фудбалер од нив двајца – кратко прокоментира Фиго.

Португалецот во 2000 година ја освои „Златната топка“, а низ времето настапуваше во иста екипа со Зидан, „вистинскио“ Роналдо, Раул, Роберто Карлос, Дејвид Бекам.

Мх.П.