Намалување на бројот фиксни телефонски линии, зголемување на пост-пејд корисниците на мобилна телефонија, зголемување на испратените СМС пораки и намалување на вкупниот бројот на претплатници на пристап на интернет со тесен опсег, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации за првиот квартал од 2011 година.

Пристапот до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии е намален за 0,26 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2010 година, додека, пак, споредено со првиот квартал од 2010 година, бројот е намален за 1,58 отсто.

Податоците покажуваат голем дел од претплатниците на мобилната телефонија користат при-пејд услуги, додека бројот на пост-пејд претплатници се зголемува, и тоа за 3,47 отсто од претходниот квартал и 29,76 отсто од првиот квартал од 2010 година.
Зголемување има и на бројот на испратени СМС пораки кое изнесува 0,46 отсто во однос на претходниот квартал и 11,62 отсто.
Т-Мобиле учествува со 80,13 отсто во  вкупниот број испратени СМС пораки во првиот квартал од 2011 година, учеството на ОНЕ Оператор изнесува 9,83 додека ВИП Оператор учествува со 10,04 отсто.

Податоците покажуваат дека вкупниот бројот на претплатници на пристап на интернет со тесен опсег е опаднат за 10,51 отсто во споредба со претходниот квартал, додека, пак, во споредба со првиот квартал од 2010 година бројот на претплатници е намален за 39,58 отсто.

Од трите мобилни оператори најголем удел има Т-Мобиле со 53,71 отсто учество на пазарот, ОНЕ Оператор учествува со 23,78, додека ВИП Оператор  учествува со 22,51 отсто од вкупниот број на активни претплатници кои во последните три месеца.
 

На 31.03.2011 година трите оператори имаат вкупно 2.178.995 активни претплатници.

OhridNews
извор: „Макфакс“