Европската комисија кон крајот на оваа година може да препорача почеток на преговорите со повеќе земји од Западен Балкан, изјави во интервјуто за виенски „Пресе“, еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Постои можност оваа година да биде мошне важна за сите земји од Западен Балкан. Можно е врз основа на големиот напредок кон крајот на годината да се препорача почеток на преговорите за влез во Европската унија не само за една или две, туку можеби и за три земји, рече Филе. Според него, можно е пристапни преговори да започнат Македонија, Србија и Црна Гора.

„Меѓутоа сè уште нема никакви гаранции за тоа, а ние оваа година извештајот за напредокот на тие земји порано ќе го завршиме. Тоа време владите на земјите-членки можат да го искористат заедно со своите парламенти да ја подготват одлуката“, истакна еврокомесарот за проширување.

OhridNews
извор: Makfaks