Европската унија и Охридскиот рамковен договор се два клучни елемента за иднината на Македонија и ве охрабрувам сите да работите во таа насока.

Ова, како што пренесува „Макфакс“, е пораката што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја упати по средбата со премиерот Никола Груевски и одржаниот трет состанок во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија. Изрази загриженост што партиите инсистирале на етничката агенда за сметка на стабилноста.

„Дојдов со одредена загриженост бидејќи политичките партии апелираа на нивната сопствена етничка агенда за сметка на политичката стабилност. По повеќе од десет години од Охридскиот рамковен договор и дваесет години по независноста, воспоставивте единствен систем, основан на заедничкиот живот на различните заедници. Иднината лежи во споделената визија за вашата земја – Европската унија и Охридскиот рамковен договор се два клучни елементи од таа визија и ве охрабрувам да работите во таа насока“, рече Филе.

Еврокомесарот е оптимист за позитивна оценка во годишниот извештај за напредокот на Македонија, што ќе биде објавен на 10-ти октомври. Истовремено, порача дека одредувањето на датум за преговори е работа на политичка одлука.

„Сигурен сум дека оценката ќе биде позитивна. Ова е јасната врска меѓу резултатите меѓу резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво и Извештајот за напредокот. Мислам дека е фер да се каже дека предлозите и препораките се прифатќаат во целина, од страна на сите. Не сакам да преудицирам што ќе биде одлуката на сите во целина  Можам само да кажам дека имам добро чуство за тоа. Правилата на играта се дека, базирано на оваа препорака на Европската Комисија, одлучуваат земјите-членки. Проширувањето е политичка одлука. Затоа нагласив дека спрведувањето на нештата треба да продолжи до декември и затоа велат дека Пристапниот дијалог на високо ниво и сите прашања што бевме во можност да ги опфатиме и резултатите ќе им овозможат на земјите-членки да гледаат на ова прашање конструктивно“, рече Филе.

Во врска со добрососедските односи, побара земјата да ја има и в предвид чустителноста на партнерите.

„Треба да продолжите да се трудите да ги подобрувате односите со сите ваши соседи, конструктивно и со чуствителност, имајќи ги в предвид сите чустителности на партнерите. Премиерот Груевски ме информираше и за последните случувања во однос на прашањето за името со Грција и го охрабрив да остане фокусиран во однос на придвижувањето на дијалогот напред со цел изнаоѓање на решение“, истакна Филе.

Премиерот Груевски, пак од своја страна, го повтори барањето на Македонија за реална оценка на вложениот труд и очекувањето дека целокупнот реформски процес ќе резултира со отворање на Пристапните преоговори со ЕУ.

„Силно сме уверени дека одредувањето на датум за преговори ќе го зачува кредибилитетот на процесот за проширување, во случајот на Република Македонија и ќе внесе сигурснот во напиот евроинтегративен пат“, рече премиерот Груевски.

Порача дека несогласувањата на внатрешно-политички план нема да ја загрозат реформската агенда на земјата.

„Односите се комплексни и ние како коалзициони партенри се соочуваме со предизвици за кои вложуваме напори да бидат надминати преку секојдневни контакти на различни партиски нивоа. Во потрага по излезни решенија за предизвиците се водиме од примарната цел за создавање простор за ефикасно и непречено спроведување на реформите и во таа насока би истакнал дека владата и државната управа работат со полн капацитет и предизвиците и различните стојалипта на политичките партии колку и да излгедаат непремостливи, немаат потенцијал да предизвикаат дестабилизација на меѓуетничките односи и тензии во општеството“, изјави Груевски по средбата со еврокомесарот Филе и одржаниот трет состанок во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво.

OhridNews
извор:„Макфакс“