Одлуката е на земјите членки на ЕУ, за Македонија воопшто да нема ниту заклучок, ниту датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија на претстојниот самит на Европскиот совет, пренесува „Макфакс“.

„Земјите членки одлучија да не ја става пјр Македонија на агендата, Сепак, јас денеска ги информирав министрите за писмото штоп го добив од македонскиот претседател во кое ме информира дека започна работата за анкетната комисија за истрага на настаните од 24-ти декември 2012 година, што произлезе од договорот за ставање крај на политичката криза во земјата постигнат на 1-ви март. Едноставно,м, денеска немаше дискусија за ова прашање“, одговори Филе за МИА.
Истовремено Филе ги повикува Македонија и Грција, како според него, две земји инволвирани во изнаоѓање решение за прашање за името, да вложат напори во однос на неодамнешниот предлог на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.
OhridNews
извор: „Макфакс“












