Нема поголема среќа за капач на Водици од фаќањето на чесниот кст кој се положува во езерските води. Тоа оваа година од рака му појде на 25-годишниот Мартин Гоџоски од Варош. Тој прими честитки од свештенството на Дебарско – кичевската епархија, од градоначалникот на Опшптина Охрид и претставници на локалната самоуправа, верниците и многубројното граѓанство, кое го проследи Богојавленскиот водосвет кај градското пристаниште.

Фаќачот на крстот во Охрид доби и специјален подарок  – Филигран со македонски рубин, кој специјално за оваа прилика го изработи познатиот охридски занаетчија Митко Укоески.

Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.

Г.М.