Агенцијата за промоција и поддршка на туризам зазема директно учество на заеднички штанд со Националните туристички агенции од Албанија и Србија, на саемoт за вино, храна и туризам, „Винска визија на Отворен Балкан“, во период по 01-04 септември 2022 година.
Фамилијата занаетчии Шикалески од Охрид ќе бидат присутни на македонскиот штанд кои ќе ја збогатат програмата со рачна изработка на сребрен филигрански накит. Со своја презентација на македонскиот штандот ќе бидат присутни и бисерите Филеви, од Охрид. Посетителите ќе можат да бидат удостоени и со презентација на кој начин се изработува традиционалниот охридски бисер, велат од АППТ.

Презентација на гастрономскиот и винскиот дел ќе бидат дел од Програмата на Агенцијата за туризам каде ќе има дегустација на храна и вино обезбедени од винските и гастрономските излагачи на саемот.
OhridNews











