Поранешниот фудбалер на Охрид Лоте и Охрид 2004, Филип Митрески го парафираше три годишниот договор со Металург со можност за продолжување на уште една година.


Задоволен сум од договорот, и од клубот кој е организиран на високо ниво. Во Металург се насочени кон ангажирање на млади сили, затоа и добив шанса да го облечам дресот на “зелените“ – истакна 20- годишниот Филип Митрески.


Митрески за Охрид 2004 во првата македонска фудбалска лига собра 14 настапи притоа постигнувајќи еден погодок.

Мх.П.