Американската компанија „Филип Морис УСА“ најавила дека есенва на пазарот ќе лансира „влажни тутунски производи кои не чадат“ , односно „тутун за цицање“, под марката „марлборо“, кој најпрво ќе се продава само на подрачјето на Атланта.

Компанијата ќе продава тутун за цицање со оригинална арома и со арома на четинар, крупно и ситно сецкан, по цена од околу три долари по лименка.

Лансирањето на тие производи е дел од пошироките напори на “Филип Морис“ за зголемување на продажбата на тутунски производи без чадење во САД, неопходно заради падот на продажба на цигарите предизвикана од грижата за здравјето не само на пушачите туку и луѓето од нивната околина.


Тутунот за цицање кој не чади не е штетен за околината, односно не ја предизвикува појавата „пасивно пушење“.

Се конзумира на тој начин што грутка земена од лименка се поставува измеѓу усните и непцата. Растворен со плунка никотинот преку лабијалните артерии се пренесува во крвотокот каде што предизвикува ефект сличен на тутунот кој се пуши.

Компанијата „Филип МОрис“ ќе им овозможи на купувачите враќање на парите доколку не бидат задоволни од ефектот на новиот производ, пренесе агенцијата АП.

Аналитичарите веќе одавна го очекуваа влегувањето на Филип Морис во работа со тутун кој не чади, а аналитичарот на финансиската групација „Сити Груп“, Бони Херцог укажува дека Филип Морис најверојатно ќе за зацврсти позивцијата во сегментот на тутунот кој не  чади користејќи ја силата на својата марка Марлборо.

„Очекуваме дека „Филип морис“ ќе успее да го привлече најголемиот дел пушачи кои ќе се преориентираат на тутунот кој не чади“, рече Херцог.

Компанијата „Филип Морис УСА“, со седиште во Ричмонд, е најголем производител на цигари на пазарот на САД, со учество од близу 50%. Компанијата е во сопственост на групацијата „Алтрија“, со седиште во Њујорк, која е исто така сопственик на производителот на цигари „Филип Морис Интернешнал“.