Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа  и Евроазија, Филип  Рикер, ќе ја посети Република Македонија од 19 до 25 август.
Амбасадорот Рикер доаѓа по покана од претседателот Иванов и ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери што се одржува под покровителство на Претседателот Иванов, чија годинешна сесија ќе се одржи во Охрид на 20-ти август.
Како Рикер, исто така, ќе ја искористи оваа прилика за да се сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и со вработените во амбасадата на САД, како и со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците.
Заменикот помошник државен секретар Филип Рикер ќе посети и други земји во регионот.  Ова е втора посета на Рикер на Македонија од почетокот на 2012 година.
OhridNews