Граѓаните мора да се свесни дека не треба да се собираат и да се групираат. Во целата борба, еден сегмент е здравствениот систем, другиот сегмент се инспекторатите, но третиот дел е свеста и совеста на граѓаните, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања пред поликлиниката Букурешт, Филипче рече дека не можат да ги ограничат собирите по домовите бидејќи тоа е противуставно и затоа во овој случај многу е важна свеста на граѓаните.
Интервенираме со забрани таму каде законот ни дозволува, а со препораки, онаму каде законот не ни дозволува. Ние пробавме со закон да ги забраниме и домашните собири и слави, но излезе дека тоа е противуставно. Затоа почитувајќи го интегритетот на домот согласно Уставот и неможејќи да ги забраниме тие собири, огромен дел од оваа борба припаѓа на одговорноста, свеста и совеста на граѓаните. Мора да се свесни дека оваа криза мора да се надмине, дека не треба да се собираат и да се групираат, истакна Филипче по настанот на кој беа донирани две амбулантни возила од Комерцијална банка.

Што значи дека овие мерки даваат резултат, но сепак стравуваме заради новогодишната атмосфера и можноста да се групираат луѓето, а угостителските објекти се места каде тоа се прави, епидемиолошката ситуација да може се влоши. Сметаме дека ова е сосем доволно затоа што и сегашните мерки даваат резултат. Иако даваат резултати, сепак ситуацијата е сеуште критична, се уште има голема бројка на пациенти и не смееме да дозволиме никакво опуштање. Даваме дополнителна реструкција која сметаме дека сега е сосем доволна, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на епидемилошката состојба, Филипче информира дека се стабилизира бројот на новодијагностицирани и оти во изминатиот период има прилично еднаков број на слободни болнички кревети.
OhridNews











