Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека од 12-те пациенти кои денеска беа тестирани, кај двајца од нив резултатите се позитивни на корона вирус.
Од сите испитани пациенти денеска – двајца се позитивни на корона вирусот. Тоа се двајца луѓе од Дебар, кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани. Биле комшии и имале чести контакти. Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во изолација и во домашно лекување. Нивната здравствена состојба дозволува да бидат на домашно лекување и да не бидат хоспитализирани“. – потенцираше министерот Филипче.

OhridNews













