Некогашниот репрезентативец на Бразил, Филипе Мело беше главен протагонист на тешкиот инцидент кој се случи после дуелот меѓу Пењарол и Палмеирас во Копа Либертадорес кој заврши во корист на гостите (3-2).


По завршувањето на мечот место спортски поздрав помеѓу играчите од двете екипи настана мешаница во која работите во свои раце ги презеде Филипе Мело. Тој го удри со бокс противничкиот фудбалер по што целата екипата од Пењарол тргна да се пресмета со него. Интервенцијата на полицијата спречи поголем инцидент и го извлече Филипе Мело безбедно од стадионот на Пењарол. 

ОhridNews